Сутерен.мк

Илон Маск го сака цел Твитер

Илон Маск на Твитер му понудил 54,2 долари по акција, што е за 38 отсто повеќе од цената на акциите на први април. Тоа беше последниот ден на тргување со акциите на Твитер на берзата пред основачот на Тесла и Спејс да купи повеќе од 9 отсто од акциите на оваа платформа, што го прави еден од најголемите акционери на Твитер.

Маск рече дека во случај неговата понуда да не биде прифатена, „ќе ја разгледа својата позиција како акционер“.

„Решив да инвестирам во Твитер бидејќи верувам во неговиот потенцијал да биде платформа за слобода на говор ширум светот и верувам дека слободата на говор е социјален императив за функционална демократија“, изјави Маск.

„Сепак, откако инвестирав, сфатив дека компанијата во нејзината сегашна форма ниту ќе напредува, ниту ќе му служи на овој социјален императив. Твитер мора да стане приватна компанија. Има огромен потенцијал и јас ќе ја ослободам“, додаде тој.

Да потсетиме, Илон Маск купи 9,2 проценти од Твитер на почетокот на април. По оваа објава, вредноста на акциите на оваа социјална мрежа порасна за повеќе од 25 отсто. Маск стана еден од најголемите акционери на компанијата и сега поседува четири пати повеќе акции од основачот на Твитер, Џек Дорси. Уделот на Дорси е 2,25 проценти.

Маск е еден од најпопуларните корисници на Твитер, со повеќе од 80 милиони следбеници.

На 24 март, тој напиша дека е „загрижен за де факто пристрасност во алгоритам што има големо влијание врз јавниот дискурс“ и сподели анкета во која ги повикува своите следбеници да гласаат дали алгоритмот треба да биде со отворен код.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *