Сутерен.мк

Италија почна со производство на брашно од инсекти

Во Италија се отвори првата фабрика за преработка на инсекти со цел производство на брашно. Тоа го наметнува прашањето колку е тоа брашно здраво и дали се работи за тренд или за трајна замена за пченичното брашно.

Првата италијанска фабрика за производство на брашно од инсекти е отворена во регионот Марке, во централна Италија, и покрај противењето на министеро за земјоделство на земјата, Франческо Лолобриџида.

Од компанијата Нутринсект, која ја отвори фабриката, велат дека со ова се отвора нови поглавје во историјата на прехранбената индустрија. Го повикаа министерот Лолобриџида да дојде и сам да се увери колку е брашното од инсекти здраво и хранливо.

Во Службениот весник од 29 декември минатата година објавено е правило со кое во Италија се дозволува брашно направено од скакулци, ларвите на брашнастиот црв и ларвите на брашнарица.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *