Сутерен.мк

И Мартин Шин жали за името

Американскиот актер Мартин Шин, според личните документи сѐ уште се вика Рамон Естевез, но светот го знае по уметничкото име. Актерот инаку роден во САД, вели оти жали што го променил своето име заради филмската кариера.

– Тоа е нешто за кое се каам. Никогаш не го сменив официјално моето име. Името Рамон Естевез сѐ уште е на мојот извод од матичната книга на родените, изјави тој.

Неговото „легално“ име стои и на неговата венчаница, пасошот и возачката дозвола.

– Понекогаш се убедувате кога немате доволно увид, па дури и доволно храброст да се залагате за она во што верувате, а за тоа плаќате подоцна. Но, се разбира, јас зборувам само за себе, додаде тој.

И неговите два сина, познати актери, се поделени во поглед на презимето – Чарли Шин (роден Карлос Естевез) и Емилио Естевез. Таткото Шин истакна дека во тоа време не бил ни свесен дека неговите синови се интересираат за филмската индустрија бидејќи бил премногу зафатен со сопствената кариера за да се обиде да му се посвети на тоа прашање во семејството.

– Единственото влијание што го имав врз Емилио беше да го задржам неговото име. Кога започна, и неговиот агент го советуваше да го промени своето презиме во Шин, но тој не го стори тоа. И му благодарам на Бога што не го направи тоа, рече тој.
Годинава холивудскиот ветеран е актуелен со последните епизоди од хумористичната ТВ-серија „Грејс и Френки“, како и со новата „Да прошетаме“ каде што глуми со Чарли Шин. Инаку, ова семејство актери е по потекло од Шпанија.
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *