Ова се само дел од прославените светски жени кои и со над пеесет години (а богами, некои и со над шеесет и седумдесет) се уште доминираат на црвениот тепих!
Она што е интересно е дека посочениве дами воопшто не играат на сигурно, туку денес прават многу повеќе ризични модни потези отколку пред децении, кога комотно можеле да се потпрат на младоста.
Токму поради таквата самодоверба и искуство секако, тие честопати на разните гламурозни манифестации, привлекуваат повеќе внимание во јавноста од своите многу помлади колешки, кои се во зенитот на својата популарност.