Сутерен.мк

Асанж или, травестија на правдата!

Џулијан Асанж, основачот на Викиликс е на чекор до испорачување во САД каде што поради шпионажа му се заканува казна од 175 години робија! Асанж ја подели јавноста – за едни е херој на демократијата, за други шпион и злосторник!

Високиот суд на Велика Британија ја прифати жалбата на американската влада на претходната пресуда од Окружниот суд во Лондон кој го одби барањето на САД за негова испорака.

Пресудата на Високиот суд не е конечна. Се уште не е јасно дали Асанж може да биде екстрадиран, бидејќи тој сака да поднесе уште една жалба. Случајот му е препуштен на судот во Вестминстер.

Во САД имаат намера да му судат на Асанж поради тоа што во 2010 и 2011 – та јавно објави илјадници тајни документи. Се тврди дека некои од тие документи можат да ги загрозат животите на припадниците на американската војска.

Подржувачите на Асанж пак, го слават како херој кој се бори против естаблишментот, кого САД го гонат заради откривањето на американската двојна игра ширум светот, од Авганистан и Ирак до Вашингтон.

Претходно одредени медиуми, повикувајќи се на Транспаренси интернешенл, известуваа дека ЦИА размислувала и за киднапирање, па и атентат врз Асанж додека тој беше во амбасадата на Еквадор.

Амнести интернешенл ја опишува пресудата на британскиот суд како „травестија на правдата“!

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *