Сутерен.мк

И храната за деца ќе се продава како луксузна

Стотици прехранбени производи од денеска се поскапи од 2 до 9 денари. Десетици масни млека и млечни производи, замрзнати теста, компоти, тестенини, тортиљи, тестенини и други прехранбени производи, или точно 358 категории на производи, наместо со 5 отсто ќе бидат оданочени со 10 отсто ДДВ, како да се работи за луксузна храна за граѓаните. Вицепремиерот за економски прашања рече дека има простор да се направат корекции.

„Навистина не навлегувам во дефиницијата што е луксузно, за тоа ценам дека овој предлог е разгледан во Министерството, можеби во одреден момент имало отстапки или можеби немало. Реакцијата на граѓаните е за десетици одредени производи од 2.000 видови производи кои се опфатени со одлуката. За тие производи нема проблем да се смени одлуката“, рече Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Со 10% ќе бидат оданочени и детската храна како што се овесни снегулки, житарки, сладолед, еурокрем, сите видови бонбони, пржени компири, сите чаеви, тропско овошје, сите видови сушено овошје, сусам, сончоглед, инстант кафе, наполитанки, црни бибер, гума за џвакање и повеќето зачини.

За даночно-фискалните експерти некои производи треба да се вратат од 10% на претходните 5% данок на ДДВ. Павле Гацов очекува тоа да се случи на следната владина седница, барем за оние производи кои се вклучени во гарантираните цени.

Во реакцијата на Министерството за финансии наведуваат дека основните прехранбени производи кои се дел од секојдневната употреба на граѓаните и понатаму ќе се оданочуваат со најниска стапка на ДДВ. Но, граѓаните се збунети бидејќи во секоја продавница наидуваат на различни цени а повеќе не се почитува ниту мерката за гарантираните цени.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *