Воопшто не станува збор за тоа дека пеперутките сакаат убаво време. Сончевата светлина им е потребна за да ја регулираат телесната температура. Сеедно дали паѓа дожд или не, штом сонцето се скрие зад облаците или почне да заоѓа, тие веднаш бараат засолниште. Омилени места им се долната страна од лисјата, гранчињата, џбунови и тревата.
Бидејќи телото им е многу нежно, природата им обезбедила други средства за заштита од дождот. Кога мируваат, обликот на нивното тело го спречува задржувањето на водата на крилјата и трупот, а кожата им е водоотпорна.
Повеќето пеперутки не би го преживеале летот по невреме, не само затоа што ветрот би им го отежнувал летот, туку најголема опасност им се ударите на големите дождовни капки.