Сутерен.мк

Каде сакаат да живеат најсреќните луѓе на светот?

Финска повторно е прогласена за најсреќната земја на светот, а во неа постои и место кое го нарекуваат најсреќно. Тоа е градот Тампере којшто Финците редовно го бираат како место каде најмногу сакаат да живеат.

Финска е најсреќната држава на светот според Светскиот извештај за среќа. Шеста година по ред е на врвот.

Хели Јименез од „Бизнис Финланд“ вели дека среќата произлегува од блискиот однос со природата и нивниот приземен начин на живот. Тој објаснува зошто Тампере е место кое сите го сакаат. На околу 180 километри северно од главниот град Хелсинки градот Тампере е на копнен мост меѓу две езера.

Посетителите можат да уживаат во шумата покрај езеро со прошетка низ крајбрежјето и да се капат, а до таму се стигнува со кратко возење со трамвај.

Кулата „Пиники“ е позната по своите кафулиња и крофни. Тука е и маркетот „Хал“ отворен во 1901 година. Ова е најголемиот пазар во нордиските земји, а неговите штандови и кафулиња се преполни со висококвалитетни, локални производи како што е овошјето кое изобилува во текот на летните месеци.

Скандинавските земји со години се на врвот на листата најсреќни во светот. Ние сме, заедно со Турција и Украина се меѓу најнесреќните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *