Сутерен.мк

Како да се доживее стотата?

Сардинија е позната по тоа што е дом на најстарите луѓе во светот. Таа е идентификувана како една од петте таканаречени сини зони, места со најголема концентрација на стогодишници.

Меѓутоа, овој дел од светот крие и супер сина зона, поточно селото Пердасдефогу. Во овој мал град има девет стогодишници од 1 780 жители, што е признато како рекорд во Гинисовата книга. Која е тајната на жителите на ова место?

Научниците кои го проучуваат феноменот Пердасдефогу открија неколку причини за долговечноста на неговите жители. Тоа се чист воздух, активен животен стил и исхрана богата со свеж зеленчук.

На пример, Пиуча Лаи, која го прослави својот стоти роденден на 21 февруари, вели дека никогаш не станува целосно полна од масата. Јаде малку месо и многу малку пие кафе.

-Верувам дека начинот на кој пристапуваат кон стресот игра голема улога во нивната долговечност. Родени се пред 100 години и сигурно немале лесен живот. Имало и глад и војна. Но, овие луѓе успеале да се прилагодат – ако има е проблем, тие брзо го решаваат, вели Луиза Саларис, професор по демографија на Универзитетот во Каљари.

Адолфо Мелис, 99 години, објаснил дека сè што јадело неговото семејство било од градината.

-Важно е што ставате во стомакот, истакнува тој, убеден дека исхраната е главната тајна за долг и здрав живот.

Во локалната исхрана има многу месо и свежа риба, бидејќи морето е на час возење, но трикот е да се „јаде малку, но да се јаде добра храна“, забележува Адолфо, додавајќи дека исто така е важно да се физички активни.

-Нашите еколошки услови играат клучна улога. Живееме во место каде што воздухот е чист. Нашите стогодишници постојано се движат во здрава животна средина. Тие собираат огревно дрво или работат во нивните градини. Друг важен фактор е тоа што Пердасдефогу го зачувува чувството за заедница. Постарите сè уште живеат во куќи, а не во домови за стари лица. Друштвеноста е исклучително важна затоа што ако имате добри социјални контакти, паметите и разговарате, живеете добро, смета 100-годишниот Виторио Лаи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *