Сутерен.мк

Градот на духови во Катар

Филм Цитѕ е изграден за потребите на снимањето на арапската ТВ серија „Синови на волкот“, која раскажува за борбата меѓу две арапски племиња.

Градот е сет изработен по урнек на древно арапско (бедуинско) село, а се наоѓа зад кањон, целосно опкружен со пустинскиот полуостров Зекреет.

Првото прашање што некому ќе му падне на памет кога ќе наиде на Филм Цитѕ е да се распраша за неговата намена, бидејќи очигледно е напуштен, а по првобитната намена никој не очекуваше дека ќе стане туристичка атракција.
Реакциите за местото кое често го нарекуваат „град на духови“ би можеле да бидат поделени бидејќи нема многу содржина. Има една продавница, а во неа живее само менаџерот.

И покрај долгото возење од Доха (80 км) е релативно лесно да се стигне до него. Дивите животни и опкружувањето ги воодушевуваат децата и нудат одлични можности за фотографирање.

Градот со ѕидини е со големина на село, но сепак има главна порта и градски ѕидини со караули на предната страна.

Посетителите можат да ги паркираат своите автомобили пред главната капија и да влезат пеш. Иако ништо не е автентично, градбите покажуваат како можеби изгледало традиционално село во регионот во минатото.

Се препорачува да го посетите градот пред доцните попладневни часови и да го испланирате повратното патување до Доха најмалку 1,5 час пред зајдисонце за да избегнете патување по кривулестиот пат во темница.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *