Сутерен.мк

Колку сексуални партнери треба да имаме пред бракот?

Професор од Универзитетот во Индијана, Питер Тод, вели дека во идеален случај би требале да имаме 12 љубовници пред да му се заколнеме на последниот на вечна верност.

Искуството ќе ни помогне да сфатиме што бараме кај еден партнер и да ги разбереме своите потреби во љубовниот однос. Па така, нашиот последен партнер, 13-ти, ќе биде се’ освен баксузен.

Но обичните луѓе не се согласуваат со научниците. Бројни истражувања покаќале дека по прашањето за секс стануваме се поотворени и послободоумни, но за повеќето испитаници, особено мажите, сметаат дека дури и најмалиот двоцифрен број е премногу.

На луѓето кои имале повеќе од десет сексуални партнери во животот се гледа како на промискуитетни, а речиси половина од машките испитаници изјавиле дека попрво би се забавувале со девојка која нема такво богато сексуално искуство.

Ниту дамите не се толерантни во овој поглед, па 36 отсто од нив би одбрале за сериозна врска маж кој немал огромно сексуално искуство. Двата пола сепак се согласуваат околку едно – “Прашањето: Колку си имал/а до сега?”, не само што е непристојно туку и создава многу проблеми во врската.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *