Сутерен.мк

Како до целта?

Зборот „цел“, во речникот на Access Conciousness® е заменет со зборот „мета“. Целта е нешто конечно, нешто од што нема понатаму, фиксна е, неподвижна. Метата е флексибилна и кога ќе ја погодите, се поместува. Би се рекло дека е бесконечна и експанзивна, баш како и животот во кој поставуваме мети, во работата, односите, финансиите, здравјето, личниот развој.

За овој текст ме инспирираше една личност, која на свој начин беше во потрага за работа во која повеќе ќе ужива. Повеќе не и беше важно само добро да заработува. Едноставно посакуваше поинаков животот. Ја слушам јас неа, како би можела да ја испроцесирам со Аксесовите алатки. И не е дека размислувам што да ја прашам. Овие алатки се веќе дел од мене.

Таа се фокусира да почне од таму од каде што сега се наоѓа. Раскажува како таму се чувствува на рботното место, и ми кажува дека не сака веќе тоа да го работи. Вложува навистина голем труд за сето ова да го смени, ги образложува сите аспекти, мисли и енергетски целата е фокусирана во тој простор. Тоа е добро. Знае што сака и што не сака. Но, со што е исполнет тој простор? Дали можеме да искреираме и актуелизираме нешто ново од простор со негативни емоции и мисли, дали можеме да создадеме нешто ново од простор кој веќе не го сакаме? Одговорете сами.

Ако ги земеме во предвид сите техники кои ги имаме и знаеме, за креирање на нешто ново, повеќето од нив се сведуваат на: замислете дека веќе тоа го имате, кое чувство го имате во тој момент, како изгледа, итн. За тоа е потребна силна фантазија и моќ на замислување. Какви граници поставува тоа фантазирање и дали истата таа фантазија има енергија на реализација? Свет од фантазија? За оние кои се обиделе вака да креираат знаат дека реализацијата успева само тогаш кога интензивно, често и многу силно се одржува фантазијата во мислите.

Access Conciousness® функционира сосем поинаку. Промената на работата, самата идеја е поттикната од потребата на личноста да се смени, со цел на нејзино созревање. Она што во минатото и било важно, сега веќе е сменето и од животот бара повеќе. Што е тоа што го бара? Како би сакала да ѝ изгледа животот? Како би сакала денот да и биде исполнет? Која е она сега? И што ја прави среќна? Каков би сакала да изгледа нејзиниот ден и која е темелната вибрација на која би сакала да живее? Која е посакуваната енергија за нов животен простор? Слобода? Леснотија? Флексибилност? Близината на работата до живеалиштето, или пак можеби работа од дома? Можност за повеќе дружење и повеќе време посветено на себе? Секој за себе знае што најмногу го исполнува во зависност од степеност на зрелост. Затоа почнуваме со тие прашања, како би добиле перцепција што сега ни е мета.

Потоа, поставуваме прашања како таа енергија би ја „спуштиле“ во оваа реалност. Поточно, како сето тоа да го екстраполираме. На пример: „Која енергија, простор и свест можам да бидам, да имам потполна леснотија и јаснотија во креирање на животот кој го бирам? Каде прво се бара мојата енергија сега, како тоа би го креирало живот кој го бирам? Уште колку можам да се отворам за примање придонес, за актуелизација на моето барање?“… тоа се учи на Сертифицираната Access Bars ® обука.

Со ова сакам да дадам приказ на таа разноликост во работењето со Аксесовите алатки и „свртувањето“ кон она што енергетски го посакуваме. Кога еднаш ќе поставиме барање, на Универзумот му даваме јасен сигнал за тоа што навистина го сакаме, и кога вибрираме со таа нова вибрација, во својот сопствен простор, тогаш сме постојани трансмитери на таа вибрација која тој ја слуша и на која одговара по законите на физиката. Така, ние не повторуваме „мантри“, туку имајќи потполна јаснотија за промената и леснотијата на изборот за таа промена, што и да правиме, зборуваме, каде и да одиме, стануваме градители на својот нов живот. Тоа тогаш бидува поголемо од само менување на работното место.

Тогаш се појавува промена на сѐ што нашиот нов живот вибрира, од вибрацијата на новиот простор кој го бираме. На нас е, на сето тоа да не му даваме форма, структура и значење, без разлика на сѐ што ни се појавува на тоа патување, туку го намалуваме отпорот на промена и уживаме додека се движиме низ искуството. И што сѐ е ушто возможно, сега? Дозволете си да доживеете. Почнете од првиот чекор, закажете си Access Bars ® сесија или Access Bars ® обука.

(Мери Кицовска e сертифициран алтернативен холистички терапевт, можете да се ослободите од стресот и да го унапредите во квалитетен својот секојдневен живот. Можете да закажете персонализиран третман или да посетите обука. Таа работи преку 60 телесни третмани, како и вербални фасицлитации.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *