Сутерен.мк

Како парфемот да ви трае подолго?

-Пред се, парфемите не треба да ги чувате во купатилото поради влагата и честата промена на температурата, ниту пак да бидат изложени на сончева светлина. Најдобро е да бидат на темно и студено место, не во фрижидер, туку на локација подалеку од прозорец и грејни тела.

-Трајноста на мирисите зависи од концентрацијата на парфемските екстракти во нив, но тие подолго и подобро ќе „легнат“ ќе се задржат на вашата кожа, ако ги нанесете најмалку триесет минути пред да излезете од дома, а идеално е веднаш после туширањето.

-Никогаш не ја намирисувајте облеката, туку областите на телото познати како точки на пулсот – зглобовите, внатрешноста на лактите и колената, задниот дел од главата… Местата каде што е нанесен парфемот не ги допирајте, зашто така тој побрзо ќе испари.

-Парфемот е поделотворен во комбинација на други производи од истата линија на одредениот бренд како лозион за тело, гел за туширање, пудра…

-Косата е штетно да се парфимира, но ако веќе сакате и таа да ви мириса на омилениот парфем, испрскајте го чешелот и поминете со него низ неа.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *