Сутерен.мк

Каде грешат мајките со синовите?

Речиси секоја мајка сонува за тоа да одгледа среќна и хармонична личност, но понекогаш таквите намери добиваат негативна конотација и на крајот, излегува катастрофа. Ова се неколкуте основни грешки на мајките…

Преземањето на улогата на татко

Една од најголемите грешки на мајките е што ја преземаат улогата на таткото. Толку се жените навикнати се да држат под контрола, што сите машки функции ги држат во малото прсте, но тоа во однос на синовите, дава спротивен ефект- момчето останува момче, мајката не може да се раздели од него и од маж, создаваат слабак. Пуштете то синот да учи од сопствените грешки.

Одењето по ќеиф

Секое дете мора да сфати дека е одговорно за своите постапки и последиците од истите. Дури и многу мало момче треба да знае дека никој не му е должен да раскрева по него, да му го шета кучето, дека треба да помогне околу пазарењето, миењето чинии…

Во случај да ве гледа како врз себе ја преземате целата работа и го штитите од секакви домашни задолженија и проблеми, ќе порасне со такво убедување: дека жената треба напорно да работи и на работа и дома, а тој е уморен и единствено може да го поминува времето како што сака, бидејќи мајка му му покажала дека неговите желби се приоритет и ништо друго не е негова грижа.

За правилно да се развие, детето треба да се почуствува потребно, дека многу работи зависат од неговото однесување, дека може да донесе радост, да усреќи многумина…

Наметнување хоби

Многу погрешно е децата да се насочуваат кон „машки“ или „женски“ хобија. Детето треба да го прави она што навистина го сака и не треба да му се мешате во неговиот развој во одбраното поле.

Претерана сериозност

Многу мајки водени од стереотипот дека „вистински маж не плаче“, претерано се строги со детето и му оневозможуваат да ги покаже  емоциите. Таквата стратегија може да доведе до тоа детето да не знае како правилно да ги изрази своите емоции, а постојаното потиснување на емоциите до психолошки трауми. Не им забранувајте на децата да го чувствуваат тоа што чувствуваат, немојте да бидете претерано груби и не заборавајте да го пофалите својот син.

Прекумерна заштита

Не ја заборавајте вистината дека, кога одгледувате дете (сеедно дали е момче или девојче), морате во нив да ја негувате нивната самостојност во изборите, желбите, делата. Децата не се наша сопственот – тие се самостојни личности на кои треба да им помогнеме тоа да станат. Претераната заштита е сериозен пропуст на некои мајки и таа може да предизвика сериозни проблеми кај детето што подоцна ќе мора родителите да ги решат.

Извор…

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *