Славната актерка позната е по добриот вкус за облекување, па и при гостувањето во ТВ емисијата „Добро утро Америка“ покажа висока софистицираност со изборот на гардеробата, која визуелно и ги издолжи нозете.
Имено, џејн Фонда носеше бели пантолони со висока половина и рамни ногавици, украсени со морнарски копчиња.
Долгите пантолони ги искомбинира со шарена кошула со долги ракави и бели мокасини.