Сутерен.мк

Руското нуклеарно мега торпедо

Најдолгата подморница во светот „Белгород“, беше предадена на руската морнарица овој месец во пристаништето Северодвинск. Џиновската руска подморница „Белгород“ има неверојатна должина од 184 метри, јавуваат агенциите.
Според нивните написи, „Белгород“ има зафатнина од 14 700 тони и е двојно поголема од подморница во британската морнарица и е вооружена со нуклеарни подводни торпеда контролирани од вештачка интелигенција.

Рускиот претседател Владимир Путин се пофалил, како што пишуваат медиумите, дека овие беспилотни „посејдони“ можат целосно да уништат цели оддалечени дури 6 000 милји, а се специјално дизајнирани да им се спротивстават на подводните сили на НАТО.

Подморницата е опремена и со подводен приклучок што и овозможува да распореди помала подморница и беспилотни дронови. Подморница како оваа може да ги саботира комуникациските кабли и нафтената инфраструктура во Северното Море.

Подморницата ќе носи нуклеарни торпеда „Посејдон“, кои се дизајнирани да бидат лансирани стотици милји подалеку и да се лизгаат покрај крајбрежната одбрана патувајќи по морското дно.

„Ова нуклеарно „мега торпедо“ е единствено во историјата на светот“, изјави американскиот експерт за подморници Х. И. Сатон.

„Посејдон е сосема нова категорија на оружје. Ќе го преобликува поморското планирање и во Русија и на Запад, што ќе доведе до нови барања и нови контра-оружја“, вели Сатон.

И американските и руските официјални лица изјавиле дека торпедата би можеле да испорачаат боеви глави од повеќе мегатони, предизвикувајќи радиоактивни бранови што ќе ги направат деловите од целното крајбрежје непогодни за живеење со децении.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *