Сутерен.мк

Кои градови би можеле да исчезнат до 2030 година

Климатските промени го топат поларниот мраз, го креваат нивото на морињата и ги менуваат временските прилики, носејќи се побрутални бури во подрачјата кои претходно не биле погодени од такви природни катастрофи.

Градовите покрај брегот кои се изложени на поплави поради монсуни и обилни дождови – тонат. Научниците предвидуваат дека делови од овие градови ќе бидат под вода до 2030-та година.

Мајами, САД
Нивото на морето во Мајами расте со алармантна брзина, и не само што се заканува со оштетување на градската инфраструктура, туку и предизвикува поплави кои ја загадуваат питката вода, што дополнително го загрозува населението. Освен итниот одговор за сопирање на климатските промени, Мајами ќе мора да преземе и конкретни чекори за да се спаси од „тонење“: ќе мора да ја засили својата база и да крене одредени структури над нивото на водата.

Бангкок, Тајланд
Бангкок е изграден на многу меко глинесто земјиште кое е склоно на поплави. Истражувањата покажале дека ова познато туристички место секоја година тоне околу два до три центиметри – побрзо од другите слични градови на брегот. Според истражување од 2020-та година, Бангкок е прв во низата градови кој ќе ги почувствува големите последици од глобалното затоплување. Експертите предвидуваат дека Бангкок спирално ќе пропаѓа со мали изгледи за закрепнување.

Амстердам, Холандија
Холандските експерти за спречување на поплави развиле напреден состав на насипи, брани и други бариери кои ја држат водата подалеку од инфраструктурата и населението. И покрај тоа, принудени се будно да го следат и надградувањето на составите за да ги спречат катастрофалните последици. Многумина тврдат дека опасноста е неизбежна поради континуираното тонење на земјата како последица од климатските промени.

Басра, Ирак
Басра е главен пристаништен град во Ирак, кој се наоѓа покрај широката река Шат ал-Араб, која се влева во Персискиот залив. Научниците предвидуваат дека овој сиромашен арапски град би можел делумно или целосно да биде потопен во наредните десет години.

Џорџтаун, Гвајана
Кога станува збор за подрачјата кои наскоро би можеле да потонат поради последиците од глобалното затоплување, Карибите се на врвот на листата. Најмногу се зборува за главниот град на Гвајана кој се наоѓа на устието на реката Демерара во Атлантскиот океан. Со векови Џорџтаун се бранел од бури и други временски неприлики со џиновски ѕид од 450 километри. Ситуацијата е таква што државата мора значајно да го засили тој ѕид за да ги заштити централните подрачја на градот од големи оштетувања.

Хо Ши Мин, Виетнам
Поплави и тропски бури се закануваат на делтата на Меконг кај Хо Ши Мин, а научниците предвидуваат дека источните делови околу реката наскоро ќе бидат ненаселиви. Посебно се загрозени мочуришните подрачја на Ту Тием, а експертите истакнуваат дека би можеле да завршат под вода и пред 2030-та година.

Калкута, Индија
Главниот град на Западен Бенгал е под закана од природни катастрофи. Калкута би можела да биде делумно потопена до 2030-та година поради тешките поплави. За жал, ова е многу сиромашен дел од светот кој нема соодветна финансиска иницијатива за зачувување на традиционалниот начин на живот на овие простори.

Њу Орлеанс, САД
Њу Орлеанс, со својата богата историја и разновидна култура, тоне во една од најбрзите стапки на светот. Истражувањето на НАСА од 2016-та година покажало дека целиот град би можел да биде потопен до крајот на овој век. Њу Орлеанс во 18-тиот век бил целосно под нивото на морето, стотина години подоцна потопени се пет проценти, додека денеска тој процент изнесува 50. За неповолната ситуација придонесува и географската положба, но и човековите влијанија, вклучувајќи бушење заради барање на нафта и природен гас.

Венеција, Италија
Прекрасната Венеција секоја година тоне околу два милиметри и се соочува со големи поплави кои му наштетуваат на градот и неговите жители. Дури 90 проценти овој италијански град се потопени од 2019-та година, а штетната ситуација дополнително ја влошила ерозијата на брегот и црпењето на подземни води. Иако градот преземал неколку важни чекори – вклучувајќи проект за кревање на брани, ефектите од климатските промени во порастот на нивото на морето бараат постојано следење и уште повеќе заштитни мерки.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *