Сутерен.мк

Кои се чудните обичаи на народот Масаи?

Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не се послушни добиваат ќотек, а татковците ги заменуваат своите ќерки за стока

Масаи е народ од источно-суданското семејство на народи. Околку 300.000 припадници на овој народ живеат во Кенија и Танзанија.

Поради нивните традиција, обичаи и начин на облекување, како и нивните престојувалишта во близина на многу национални паркови за дивеч во Источна Африка, Масаите се меѓу најистакнатите етнички групи во Африка и се меѓународно познати по нивните врски со националните паркови и резерватите за дивеч.

Мажите и старешините кај Масаите ги носат сите важни одлуки за племето.

Богатството на човекот го мерат според бројот на деца и добиток што го има. Што повеќе – толку подобро.

Нивната исхрана традиционално се состои од сирово месо и млеко од добитокот (за време на суша консумираат и крв).

Кожата од животното се користи за производство на мебел, а коските ги користат за правење алатки.

Масаите се облекуваат во платнени наметки познати како „шука“.

Тие имаат живописна култура на музика и танц.
За мажите важи правилото – првото свое дете ѝ го даваат на својата мајка, кое треба да ѝ служи како слуга (значи детето живее со својата баба, а не со својата мајка).

Масаите традиционално одржуваат церемонии за „полнолетство“, а полнолетните се канат на забавата со рог од антилопа.

Таквите церемонии траат десет или повеќе дена и вклучуваат многу пеење, танцување и флертување.

Сепак, традицијата на Масаите се има променето во последниве години.

До неодамна, убиството на лав со копје бил услов за момчињата кои сакаат да станат воини на Масаи, но убивањето на овие животни веќе е забрането.
Културата на Масаите е фокусирана на верувањето дека нивниот врховен бог го создал добитокот специјално за нив, како и дека тие се чувари на целиот добиток во светот.

За Масаите, животот се врти околу одгледување големи стада крави (во помала мера и кози).

Покрај тоа што се примарен извор на приход на племето (со животните се тргува за други производи или готовина), тие исто така играат важна улога во заедничкиот живот на Масаите.

Семејствата и клановите формираат сојузи преку размена на добиток, а консумирањето на месото и млекото на кравите се смета за свет чин, кој ги врзува за нивниот творец.
Припадничките на понежниот пол се земаат во голема брачна заедница да градат куќи, да готват и да се грижат за децата и стоката која е често повеќе ценета од жените.

Ако лидерот на домот посака нов предводник на стадото овци или кози, тој нема да понуди пари за него, туку на сопственикот ќе му понуди една од неговите жени.

Ако не му се допадне ниедна од жените, ќе му биде понудена и една од ќерките или бебе кое сѐ уште е во утробата на мајката.

Девојките се мажат за старци на 13 години.
Суровиот начин на постапување со жените вклучува и тепање доколку тие прават нешто што не е според правилата кои ги поставуваат исклучиво мажите.

Прво ги тепаат, а потоа им даваат лој да се намачкаат и да ги санираат раните, затоа што некој мора да ја измолзи стоката или да подготви ручек.
Ритуалот на обрежување кај момчињата се изведува без никаква анестезија, а ако плачат – ќе бидат исмејувани до крајот на животот.

Најбестрашните меѓу нив можат да се пријават да бидат дел од советот на старешини или за позицијата шаман, кој е единствениот кој има дозвола да предвидува и да ги лекува неговите сонародници на традиционален начин.

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *