Сутерен.мк

Колку ги плаќаме матичните лекари?

Речиси пет илјади евра или 315 397 денари е највисоката капитација што ја добил матичен лекар оваа година во јануари и има 3 441 пациент, додека десет илјади денари е најниската капитација што ја добива матичен доктор кој е на почеток со работата и има 101 пациент.

Според правилникот за начинот на плаќање на услугите во здравствената заштита секоја категорија на граѓнин има посебна бодовна листа. Така на пример пациенти до шест годишна возраст и добиваат 3.1 поен. Еден поен чини 63 денари, значи секој месец за дете до шест години е 195 денари, највисока цена месечено се добива за пациент над 65 години или 3.7 поени што значи без разлика дали пациентот бил на лекар или не добива 233 денари. Најниски поени од 63 денари носат пациентите од 18 до 34 години. По вчерашниот протест на матичните доктори од ФЗОМ со податоци за Канал 5 дека во Македонија просечна месечна капитација кај матичните лекари е 138 000 денари.

Според Фондот,

26, 5 отсто од матичните лекари земаат по 100 000 денари капитација.

61,1 отсто од од матичните лекари земаат по 100 000 до 200 000 денари.

12, 3 отсто од матичните лекари земаат по 200 000 денари.

Според ФЗОМ во моментов има 1 462 матични доктори. Според ФЗОМ во месечниот надоместок за капитација вклучени се трошоци за одржување на ординација исплата на плата на лекарскиот тим (лекарот и медицинската сестра); патување на лекарот до и од местото на живеење на осигурените лица за да му пружи здравствени услуги. Од фондот на барањето на матичните доктори за намалување на казнените политики кон нив одоговирја дека казните кои ги добиле се за извршени контроли во 2019 година. Матичните доктори вчера протестираа пред Министерството за здравство, бараат зголемување на бодот, намалување на казните на фондот и измени во делот за препишување на хронична терпија кај пациентите.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *