Не дека се фалам ама за да го објаснам проблемот морам да почнам на овој начин…Значи, убава сум, имам се што ќе посакам, постојано заведувам …е тука..
Не можам да најдам момче кое ми одговара, иако секој ден имам излив на емоции врз голем број на момчиња кои што ме опкружуваат и кои ми се допаѓаат и токму кога во моментот ќе помислам дека ете сум го нашла или ете тој ми одговара вечерта се ми се меша во главата и сфаќам дека нема потреба од момче, од никој, утредента се одново… Што да направам, ќе полудам од оваа глупа ситуација(рутина) ?
Русокоса
Русокоса дарлинг, белким ви е јасно дека тешко се наоѓа квалитетен кадар по ноќни клубови и дискотеки. Така што најпрвин променете ги местата каде што излегувате и не мора баш секоја вечер да сте надвор. (Една скорешна студија покажа дека жените прават вакви непромислени романтични излети и под силно влијание на хормоните – помеѓу 10-от и 18-от ден од циклусот. Купете си календар и избегнувајте ноќен живот во овој период.)
Не треба да се прескокнуваат самотните, тажни денови со обиди да се влезе во релација со секој што ќе ви рече дека имате убави очи. Треба малку кочење за да се сфати што се сака. Магепсаниот круг ќе се прекине тогаш кога ќе сфатите дека љубовта/сексот се многу важни во животот, но неговата смисла всушност, ја чинат мноооогу други вредни нешта. Секогаш е подобро да се биде сам отколку во лошо друштво.
Одморете. Правете нешто друго што ве весели отколку да „заведувате“ без никакви пријатни последици за вас. Посветете се себе си и на своите мисли и чувства… Во светот не постојат ниту господин Вистински ниту господин Погрешен. Битно е да се најде некој на долги патеки. Подршка во бурите и битките што ќе дојдат. Фантазирајќи за Совршениот, најчесто остануваме засекогаш сами. Почнете да се гледате со мажи кои и не се баш ваш тип. Можеби пријатно ќе се изненадите….
(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)