Сутерен.мк

Колку чини ручек со Ворен Бафет?

Непознат хуманитарец платил 19 милиони долари за да руча со милијардерот Ворен Бафет.
Победничката понуда на аукцијата на eBay, која завршила во петокот, далеку го надмина рекордот од 4,57 милиони долари платен во 2019 година од страна на претприемачот и основач на криптовалутите Трон, Џастин Сан.

Приходите одат за “Glide”, непрофитна организација во округот Тендерлоин во Сан Франциско, која им помага на сиромашните, бездомниците и на зависниците обезбедувајќи им храна, засолниште, тестирање за ХИВ и хепатитис Ц, како и работа и програми за обука на децата.

Годинешниот победник избрал да остане анонимен. Портпаролката на eBay рече дека ручекот е најскапиот предмет продаден на веб-страницата на компанијата за добротворни цели. Бафет (91), претседател и извршен директор на Berkshire Hathaway inc., досега собрал околу 53,2 милиони долари за “Glide” со спроведување на 21 аукција, од кои првата била во 2000 година.

„Искуствата беа само добри“, рече Бафет за ручеците. „Запознав многу интересни луѓе од целиот свет.“

Аукциите не се одржаа во 2020 и 2021 година поради пандемијата на Ковид-19. Бафет започнал да го поддржува “Glide” откако неговата прва сопруга Сузан го запознала со добротворната организација за која таа волонтирала. Сузан Бафет починала во 2004 година.

Бафет вети дека ќе го донира речиси целото свое богатство од 93,4 милијарди долари.

Овогодинешниот победник на аукцијата и седум гости ќе уживаат во ручекот во ресторанот “Steakhouse” на Менхетен. Бафет ќе разговара со гостите за речиси сè, но не и за тоа каде понатаму да се инвестира.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *