Сутерен.мк

Правење ништо

*Кога ќе ве побара некој на телефон и праша што правите, вие автоматски одговарате – „ништо.“ А тоа е со светлосни години далеку од вистината. Размислете кога последен пат реално сте се опуштиле, излежувајќи се, не правејќи ништо?! Што би рекол Џон Ленон: „Времето што во уживање сте го изгубиле, не е изгубено.“

*За мир во куќа, а и во сопственото тело и ум, жените се почесто дел од годишниот одмор го поминуваат со другарки или сосема сами наместо со момчињата или сопрузите.

*Иако многу парови се плашат дека ќе им биде здодевно на летување со партнерот со кој се заедно во текот на 11 месеци, повеќето сепак, се согласуваат дека на одмор сексот им е поквалитетен отколку во другите периоди од годината.

*Летувањето спречува да дојде до премор после што може да се случи со прегревање на машината наречена човечко тело. Докажано е дека по користењето на поголем број слободни денови луѓето се покреативни и попродуктивни, но велат експертите, по враќањето од годишен одмор, на човек му требаат просечно две седмици за да може повторно да го фати потребниот ритам на работното место.

*Жените стануваат посексуални и поотворени кога се на одмор. Патувањето само по себе е одличен афродизијак. Всушност, секое отскокнување од рутината наведува на еротско ослободување.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *