Сутерен.мк

Конечно, филм за најсекси готвачот!

Оскаровецот Морган Невил (за филмот „20 чекори до ѕвездите“) е потписник на „Турнеја: филм за Ентони Бордејн“, што ќе се најде во кино салите од 16 јули, соопшти американската продуцентска куќа Фокус Фичрс.

Бордејн се прослави после објавувањето на книгата „Доверливо од кујната: авантурите од мрачните тајни на кулинарството“ (2000 година) во која искрено раскажува што се се случува зад кулисите на рестораните.

Освен книгата, емисијата на Бордејн „Непознати предели“ на Си – Ен –Ен е се уште, омилениот туристички водич на многумина.

Славниот готвач и неповторлив шармер Ентони Бордејн умре во јуни 2018 година во 61-та година од животот.

Филмот „Турнеја“ ќе ја има светската премиера на филмскиот фестивал Трибека во јуни, а потоа ќе биде достапен и на Си – Ен – Ен и на ХБО Макс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *