Сутерен.мк

„Крстарење“ на Диор во Атина

На 17 јуни Диор својата нова колекција „Крстарење“ ќе ја претстави во Атина, Грција.

„Модната куќа ја избра Атина како колевка на западната цивилизација и европската уметност за претставување на колекцијата ’Крстарење 2022’ на италијанската креаторка Марија Грација Кјури“, се вели во соопштението од Диор.

За сега не е познато дали на модната ревија ќе присуствуваат гости и публика.

Француските куќи на висока мода Диор и Шанел често своите пролетни колекции ги претставуваат во странство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *