На компанијата „Адидас“ новото издание во серијата „Предатор“ („Предатор еџ“) за фудбалски копачки е со „Сваровски“ кристали. Атрактивно кристализирани се познатите три линии на „Адидас“, но и останатиот дел од копачките изгледа одлично.
Цената на овие копачки ќе биде околу 360 долари, а на продажба ќе има само 300 парчиња. Од германската компанија веќе најавија дека премиерлигашките ѕвезди Пол Погба и Диого Жота први ќе ги презентираат копачките со кристали на терените.