Според многумина светски модни аналитичари, на тронот на женската државничка елеганција, суверено е сместена Брижит Макрон, сопругата на францускиот претседател, Емануел Макрон!
Првата дама на Франција за најдобро облечени жени на светот ја прогласи и култниот магазин „Ванити фер“, а нејзиниот стил го опиша како софистициран, зрел, елегантен и смел.
Витката Французинка, која од својот сопруг е постара четврт век, се држи до волшебната формула во облекувањето – модниот минимализам. Редовно избира кројки што ја следат линијата на телото, има импресивна колекција на палта и сакоа особено, оние во војнички стил, со дворедни копчиња.
Најчесто е облечена во креациите на „Балмен“ и „Луј Витон“, а кога станува збор за останатите модни додатоци, на Брижит Макрон очигледно слабост и се чантите и високите потпетици.
И додека облеката и е главно во минималистички стил, чевлите неретко и се во силни бои и интересни дезени. Всушност,тоа е таа доза на екстравагантност што целата нејзина појава ја прави многу индивидуална и ексклузивна.