Сутерен.мк

Зошто гробовите се 2х2?

Гробовите не биле отсекогаш толку длабоки. За време на епидемијата на чума во Европа телата не биле закопувани како што треба, а ни толку длабоко како денес. Оваа немарност имала многу непријатни последици!

Се случувало поради ерозија на земјиштето да „испливаат“ на дневната светлина делови од телата. Дури и да се игнорира непријатноста на глетката, распаѓањето на труповите на површината на тлото ни малку не допринесувало на општото подобрување на здравјето.

Англичаните наводно, биле првите кои вовеле прописи дека гробот мора да биде длабок шест стапки (183 сантиметри), за ковчезите на мажот и жената да можат да се положат еден врз друг, а притоа над нив да остане доволно дебел слој од две стапки земја. Така се обезбедувало сигурност дека никој мртовец повеќе нема да „ѕирка“ од земјата.

Оваа длабочина воедно претставува и доволна заштита од животните и смрзнување на тлото. Секако, ковчезите може да се закопуваат и подлабоко, но покрај проблемот со наидување на вода и карпи притоа, не веруваме ни дека тоа би го одобриле и гробарите…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *