Сутерен.мк

Која е разликата помеѓу море и океан?

Стандардната дефиниција за океанот гласи: „Океан е голема маса на солена вода која прекрива две третини од површината на Земјата или некои поголеми делови од таа водена маса.“ Обрнете внимание на лукавиот избор на зборови на крајот на дефиницијата.

Дали Црвеното море е „поголемиот дел“ од Индискиот океан? Ако е, зошто тогаш не се вика Црвен океан или едноставно, не се спои со Индискиот океан?

Поголемиот дел од морињата, но секако не сите, од сите страни се ограничени со копно и претставуваат дел од океан или некое поголемо море, но во ни една дефиниција што можевме да ја најдеме тоа не е наведено како услов. Географите и геолозите не можат да се согласат дури ни околу тоа дали морето мора да биде солено.

Големата маса на солена вода може во еден случај да се нарече „езеро“, а во друг „море“. На пример, Големите езера (на границата помеѓу Канада и САД) се исполнети со слатка вода, но по сите критериуми ја задоволуваат официјалната дефиниција на море.

Тажна и грда вистина е всушност, дека секогаш можете да се извлечете нарекувајќи ги повеќето работи како што вам ви одговара.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *