Сутерен.мк

Која е сопругата на Миранда?

Синтија Никсон, актерката која ја игра црвенокосата адвокатка Миранда Хобс во серијата „Сексот и градот“, ја прославува десетгодишнината од бракот со својата животна сопатничка Кристин Маринони.

Актерката успешно го држи приватниот живот подалеку од јавноста, па ретко може да се види во друштво на Кристин.

Сега на Инстаграм објави фотографија од нивната венчавка на која Синтија носи елегантен фустан во светло зелена нијанса со потписот на Каролина Херера, додека нејзината партнерка носи темно одело со светло зелени детали.
„Десет години, 27 мај 2012“, напиша актерката покрај објавата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *