Сутерен.мк

Која е „тајната“ на витките луѓе?

Нова студија открива дека природно витките луѓе имаат дури за 23 отсто помалку физичка активност и поминуваат повеќе време во седење и лежење, но и дека за 12 проценти јадат помалку од оние со нормална телесна тежина.

Истражувачите исто така откриле дека многу слабите луѓе имаат побрз метаболизам во мирување, што им овозможува да согорат повеќе калории без физичка активност отколку личност со просечна тежина.

„Резултатите се вистинско изненадување. Често луѓето велат дека тенките поединци јадат што сакаат и кога сакаат, но нашиот труд покажа дека тие всушност, внесуваат многу помалку храна отколку луѓето со нормален распон на индексот на телесната маса“, изјави професорот Џон Спајкмен од Универзитетот во Абердин.

Резултатите од истражувањата исто така докажале дека испитаниците имале некои генетски маани односно, предиспозиции што објаснуваат зошто тие луѓе потешко се дебелеат.

Општиот заклучок е дека природно витките луѓе не мора многу да вежбаат, имаат помал апетит и имаат понизок лош холестерол од луѓето со нормална тежина.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *