Сутерен.мк

Кој гласаше ЗА?

Денеска во Собранието на 81-та пленарна седница беа изгласани предложените заклучоци за францускиот предлог поднесени од пратениците Јован Митрески и Арбр Адеми.


„За“ гласаа 67 пратеници, меѓу кои и претставниците на албанската опозиција, а немаше гласови против и воздржани, откако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја напуштија салата и не присуствуваа на гласањето.

Денешната седница лично ја следеше евроамбасадорот Дејвид Гир.

Листата со поединечните гласови за Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија е објавена на веб-страницата на Собранието.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *