Јагодите би можеле да помогнат во превенција на деменција и депресија кај луѓето со прекумерна тежина во средното доба.
Во текот на 12 недели, дневната порција од ова овошје го подобрува расположението и ги намалува проблемите поврзани со меморијата и менталното здравје, покажува истражувањето.
„Деменција е општ поим кој опфаќа многу различни болести, а за ниту една нема лек. Не е јасно кога и дали ќе биде достапна ефикасна терапија, така што превенцијата и ублажувањето на симптомите преку избор на исхрана и начин на живот во моментов е најдобриот пристап што го имаме“, вели професорот Роберт Крикоријан од Универзитетот во Синсинати.