Сутерен.мк

Кој е вистинскиот автор зад мемоарите на принцот Хари?

Малку е да се каже дека книжевна (?) тема број еден на почетокот на 2023 е автобиографијата на принцот Хари, особено (и разбирливо) во Британија, каде книжарници отвораа и на полноќ за да излезат во пресрет на љубопитните читатели. Нам не ни е толку интересна содржината на книгата, туку нејзиниот гоуст-рајтер

Продавачите на книги тријат раце уште на почетокот на годината со оглед на огромниот интерес за мемоарот на принцот Хари, чиј оригинален наслов е Spare, во смисла на вишок или резерва. Излегувањето на автобиографијата беше проследено со бројни „протекувања“ на нејзината содржина, а таа е истовремено објавена на 16 јазици низ светот.

Сето ова сепак морало да помине низ тастатурата на некој поискусен во пишувањето, а тоа во случајов е Џ.Р. Морингер. Ако не сте слушнале за него не е ни чудо, затоа што тој не е помеѓу богатите и славните кои се појавуваат во „Спер“. Ова сепак не е негова прва соработка со таквите – ја има напишано автобиографијата на Андре Агаси и соработувал со ко-основачот на Најк, Фил Најт на неговите мемоари. За „Спер“ наводно добил еден милион долари, плус му биле обезбедени идеални работни услови.

Неговиот метод на пишување е интересен – тој не само што стилски го разубавува она што му го кажуваат клиентите, туку се обидува да навлезе и подлабоко во нивната психа. На пример, за пишувањето на автобиографијата на Агаси тој многу ги читал Фројд и Јунг.

„Фројд беше од голема полза, особено Неудобното во културата, поради идејата за смртниот инстинкт. Еден од столбовите на личноста на Андре беше неговата самоуништувачка природа“, изјавил тој.
Пред да почне да пишува, Морингер студирал на Јеил, а потоа работел во Њујорк Тајмс како асистент на деск. Потоа се префрлил во Лос Анџелес Тајмс, а во 2000-тата добил Пулицер за статија.
Да се биде добар гоустрајтер не значи само да се пишува добро, туку вистински да се навлезе во личноста и животот на субјектот, за тоа да не звучи само како имитација. Но истовремено, да се биде во кремот на оваа професија често подразбира да не се привлекува внимание на себе. Кога излегол мемоарот на Агаси, Морингер изјавил: „Бабицата не си оди дома со бебето“.
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *