Сутерен.мк

Кој лаже, кој шмелцува, а кој е психопат?

Овен

Дека не се здрави не се, а еве ви и факти: болно се посесивни, за себе сакаат харем од љубовници, а на партнерот, да можат би му го одзеле и себе си! Имаат шмелцувања во мозокот, па „се парат“со секого и секаде. Зборот тактика не постои во нивниот речник, а од чекање – и пред каса – буквално, можат да завршат во болница. Груби, себични, нападни. Обично, завршуваат со тотален кретен во својот живот, а после се чудат како се случило тоа!? Никогаш ништо нема да разберат!

Бик

Сепак, немојте случајно да им згазнете на нерв – напаѓаат со се што имаат, можат да изнајмат или украдат! (Немојте да се зачудите, ако на врата ви затропаат униформирани лица дека имаат дојава дека вашиот дом е легло на терористичка банда! Бикот, вашиот бик ве пријавил.) Доколку му објавите војна на бикот, најдобро е да се погребате сами бидејќи ни со река солзи извинувања, нема да попуштат.

Близнаци

Добрата вест (ако воопшто постои такво нешто) е што кон сите се однесува исто како и кон вас. Вешти на зборови, идеални се за секој кој не знае што со себе, седи дома со пет мачки и гледа телевизија. Доколку сакате мозокот да го замрзнете за некоја следна етапа на човештвото, најдете си близнак во хороскоп и уживајте во тоа што ќе имате шизофреничен спаринг партнер за кој нема да треба да се помрднете од аголот. Тој си има друштво – себеси), вие сте само декор.

Рак

Реалноста е дека вие секоја вечер си легнувате покрај вреќа полна со динамит и таа, не што не сте сигурни кога ќе се активира – туку секое утро ви експлодира во фаца. Е, ако тоа може да го издржите, никој не ве спречува – останете со напалм бомбава. Барем, додека не посакате да купите тенк.

Лав

Е, за да бидете со еден лав морате да се изнавежбате на додворување, ласкање, полтронство… Да се согласувате со се што неговото величество има да каже и да го обожувате. Без никаква причина. Доколку имате нерви остатокот од својот живот да го поминете во една крајно незаслужена и неизлечлива сервилна положба – повелете! Има катаљарда лавови што се сами на планетава. Погодете зошто!?

Девица

Со месеци може да планира како да ве доведе до раб на самоуништување, откако ќе сфати дека повеќе не и сте потребни. Нема постуден знак. Нечуствителен нарцис кој се грижи само за својот изглед т.е. тежнеење кон совршенство, како што би рекле самите. „Тежнеење кон совршенство“ – мижи Асан да ти бајам – ниту страст, ниту нежност, ниту топлина имаат во себе. Солзите се затоа што се жалат самите себе си. Верни се само на себе, не го заборавајте ова.

Вага

Не ја сакаат вистината, а најуспешни се во лажењето – најмногу на себе си. Ќе искористат се што може да се искористи и око нема да им трепне. Бидејќи се естети – тоа сепак, ќе го направат на убави луѓе, со убави нешта. Но, најголемиот дел од времето ќе го изгубат во одлуката дали е таа сина коцка подобра од другата сина коцка!? На крајот, вие ќе бидете виновни за погрешната сина коцка. Освен, ако не ја потплатите.

Шкорпија

Ќе прави планови да ви врати мило за драго, најмалку кога ќе се надевате. Целта за шкорпиите е најважната работа на светот. Ако ја изневерите таа цел, би било најдобро да спиете со шал околу вратот. Нема раката да им се затресе додека ви го режат гркланот. На шкорпиите мора да им бидете лојални, да е таа единствената личност во вашиот живот, засекогаш да ја сакате… Нели е подобро да посвоите куче!?

Стрелец

Не поседува ни упорност ни дисциплина, а со располагањето на парите – нема полош. Вон секој ум е да се најде логика, како овие луѓе воопшто, се одржуваат во живот!? Едното објаснување е дека редовно наоѓаат некој, кој всушност ќе се грижи за нив (обично, тоа е некој потпросечен, но не до толку да ги срами) и другото, дека се приклонуваат кон здруженија, партии, секти… кои ќе му го обезбедат потребниот конформизам.

Јарец

Сака да му слугувате, бега од секаков ризик (всушност, бегањето му е основен инстинкт!). Мрачен, спор, личност со која нема ни радост, ни задоволство. Е, сега, ако наидете на коза што плаче, липа и преколнува за прегратка секако дека ќе попуштите. Всушност, грабнете ја и држте ја! Се додека не се онесвести. И смислете нешто откако ќе се освести, затоа што, таа веќе има смислено 1001 план како да ве извиси! Ах, да: тоа се личности и без смисла за хумор.

Водолија

Во суштина, водолијата е лажго над лажговците, кој никогаш нема да признае дека ве излажал – ќе ве гледа ко да сте ретардирани и ќе ве убедува дека само имате различни погледи на истата работа!? Нека не ве прејде оној израз што често знаат и умеат да си го закачат: демек, „ние сме многу тажникави“. Ахам, да…

Риби

Кога се расположени обично, се занимаваат со туѓите грижи, па пак, паѓаат во депресија. Добрата страна им е што не лажат! Тоа едноставно, се противи со нивните убедувања (дадени од кој знае кој и кога и каде…). Инаку, знаат многу добро да се шегуваат на своја сметка. А особено на туѓа. Неважно. Битно е дека умеат да бидат страшно забавни. Особено, кога ситуациите и не се баш за смеење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *