Сутерен.мк

Кој е најсексапилниот маж на светот?

Иако американските медиуми неодамна пишуваа дека магазинот „Пипл“ ќе го прогласи актерот Крис Еванс за најсексапилен маж на светот, таа титула сепак ја понесе неговиот колега, Пол Рад.
„Доволно сум свесен за да знам дека луѓето ќе се зачудат кога ќе дознаат дека ме избравте мене за најсексапилен маж. Ова не е лажна скромност. Има многу луѓе кои треба да ја добијат оваа титула пред мене“, изјавил 52-годишниот актер во интервју за „Пипл“.


Признал дека воопшто не се чувствува како секси маж и дека неговата сопруга, телевизиската продуцентка Џули Јегер, била шокирана кога чула за неговата нова титула.

„Прво остана без текст, но по малку смеа и шок само рече: ‘Добар избор направиле’. Тоа беше убаво од неа. Веројатно не го мислеше тоа, но што друго да ми каже“, се пошегувал Пол кој е веќе 18 години во брак со Џули.


Во морето на проблематични холивудски актери, Рад е еден од ретките за кој никој нема лош збор. Неговите колеги и соработници го фалат, а новинарите едвај чекаат да го интервјуираат.

„Пријателите многу ќе се шегуваат со мене поради ова, но така и треба да биде. Ќе уживам во ова, ќе се правам важен. Ќе направам нови визит-картички. Очекувам животот да ми се промени поради оваа титула. Се надевам дека конечно ќе бидам повикан на секси вечери со Џорџ Клуни, Бред Пит и Мајкл Б. Џордан. Можеби и повеќе време ќе поминувам на јахти“, заклучил духовитиот Пол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *