Сутерен.мк

Крај на шоуто на Елен Деџенерис

Американската водителка и комичарка Елен Деџенерис, за „Холивуд репортер“ изјави дека во 2022 година ќе прекине со снимање на своето ТВ ток – шоу.

Во интервјуто за магазинот вели дека емисијата веќе не и е интересна и дека и треба нешто ново како предизвик.

На „Шоуто на Елен Деџенерис“ оваа година му е 18 сезона, а 63-годишната водителка во 1997 година стана првиот ТВ лик кој јавно ја призна својата хомосексуална ориентација. Таа долги години живее со својата партнерка, актерката Порша де Роси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *