Според американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC), во САД на секои 40 секунди некој има мозочеб удар, а на секои четири минути по еден умира од него. Слични се и податоците во Европа.
Најстрашно е, велат од Американското здружение за мозочен удар (American Stroke Association), тоа што личноста пред ударот често нема никакви знаци на предупредување, а дури и тивкиот мозочен удар може да биде кобен.
Сепак, без разлика дали е тивок или симптоматски, мозочниот удар велат лекарите, може да се спречи дури во 90 отсто од случаите, а најважниот чекор во превенцијата е да се идентификуваат и разберат ризичните фактори меѓу кои, според истражувањата е и крвната група.
Па така, според неодамнешното истражување на Националниот институт за невролошки пореметувања, за мозочен удар најизложени се жените кои пушат и земаат орална контрацепција, а ја немаат крвната група О.
Една од причините за ваквиот зголемен ризик кај оние кои ја немаат крвната група О е и таа што другите групи се понаклонети кон создавање на згрутчување на крвта.
CDC забележува и дека ризикот од мозочен удар расте со годините, па велат дека шансите за истиот после 50-тата, на секои десет години се дуплираат.