Сутерен.мк

Помош за Василиј!

Малиот борец Василиј е роден во 28-мата недела од бременоста на 25.03.2021 година. Иако дојде на овој свет толку порано роден е со тежина од 1,320 грама и долг 44 сантиметри, па тоа им даде на родителите надеж дека еден ден ќе го донесат во својот дом и ќе го гушнат.

Веднаш по раѓањето Василиј е однесен на неонатална интензивна нега каде е ставен во инкубатор на респираторна поддршка. Неговите бели дробови не биле воопшто развиени и поради тоа морал да биде ставен во вештачка кома и префрлен на респираторна машина која ќе дише за него. Терапијата која докторите му ја препишле за развој на белите дробови делувале одлично и тој херојски ја прифатил па за само една недела делумно ги разви белите дробови.

Василиј секој ден јуначки се бори за својот живот и веќе има стабилизирано дишење, а и разбуден е од комата, но за жал неговите проблеми не завршуват тука. Василиј има и проблем со срцето, односно диктусот на неговото срце не се затвора и доколку не ја прифати новата терапија ќе биде потребна хируршка интервенција на срцето.

„За среќа нашиот мал борец со голема желба за живот во само три дена ја прифати новата терапија и се избори и со оваа голема битка и неговото мало срценце оздраве што уште повеќе ни даде надеж на сите. Толку е мал а толку голем борец и јунак, во само 7 дена се избори со две големи битки во животот, но животот сега му даде уште една нова во која сите веруваме дека ќе успее да победи“, вели мајката Симона Анчева.

Поради своето предвремено доаѓање на овој свет тој сега доби крварење во главата кое докторите се обидуваат да го излечат и се надеваат дека повторно ќе му ја стабилизираат состојбата.

Тој се уште е во инкубатор и машина за дишење, а веројатно и уште долго време ќе има потреба од нив, но родителите како и докторите се негова голема поддршка и сите веруваат во неговото излекување.

Бидејќи процесот за негово лекување ќе трае долго, можеби повеќе и од два месеца, а транспортот во друга поефтина болница е животозагрозувачки за бебето, на семејството му е потребна финансиска помош со цел да го продолжат лекувањето на своето дете.

Поради тоа доколку сте во можност донирајте на следната трансакциска сметка:

Стопанска Банка АД Битола 500600019060885 – Симона Анчева.

Засега телефонски броеви за донации не е возможно да се отворат поради тоа што тој е многу мал и се чека изводот од матична книга на родените без кој не може да се стават во функција.

„Нашиот мал херој Василиј им е благодарен на сите што секојдневно веруваат во него и го поддржуваат неговото оздравување“, вели мама Симона.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *