Сутерен.мк

Кристијан Шишкоски ќе не претставува на олимпијада по физика

Охриѓанецот Кристијан Шишкоски, ученик од четврта година во Гимназијата заедно со уште четворица ученици, е избран да ја претставува Македонија на 53-тата Меѓународна олимпијада по физика која ќе се одржи од 10 до 17 јули 2023 година во Токио, Јапонија.

Селекциониот натпревар се одржа на 29.05.2023 година во организација на Друштвото на физичари на Република Македонија каде беа поканети 25 ученици, кои покажале најдобар резултат на државниот натпревар по физика, да земат учество.

Според покажаните резултати матурантот Кристијан Шишкоски влезе во групата од петте најдобри ученици кои ќе ја претставуваат нашата земја на претстојната меѓународна олимпијада во Токио.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *