Социјалните мрежи фејсбук и Инстаграм наскоро ќе ја воведат опцијата за криење на бројот на допаѓања (лајкови) под поставената содржина.
Побудаленоста по лајкови ги загрижува психолозите, особено што тоа најмногу се одразува на менталното здравје на адолесцентите односно, на сите оние кои се опседнати со разубавената или тотално вештачката визија за опкружувањето и светот околу нив.
Како што изјави директорот на Инстаграм, Адам Мосери, на конференцијата за новинарите, „лоши работи се случуваат на Инстаграм и ние ги гледаме. Со милијарда корисници, го имаме целото човештво, добрите, но и лошите момци! Со новините ќе имате повеќе контрола врз својот профил.“
Сепак, иако се размислувало за тоа, не се одлучиле за целосно отфрлање на лајковите.
Промената не го менува работењето на алгоритмот кој бира какви содржини ќе ви се појавуваат. Останува и понатаму системот да предвидува што би ве интересирало врз основа на вашиот вкус што го покажувате со секој лајк или друга реакција на мрежите.