Сутерен.мк

Лудост

Имам другар со кој си ги споделувам тајните, одиме на кафе, се посетуваме на работа. Мојот сопруг многу се лути за оваа наша релација и постојано ми префрла, правејќи љубоморни сцени. Ништо освен отворен разговор нема меѓу мене и другарот, но тој не сака да разбере!?

Соња

Соња дарлинг, сопругот ви е умен зашто знае дека духовниот однос може да биде подеструктивен од секс авантурата…

Не сакам да живеам како другите! Никому не му штетам, но околината постојано ме обвинува за нешто. Ненормално ли е тоа што не се вклопувам во семејните и шемите на населбата?

Л. К. (29)

Л.К. дарлинг што би рекол Бекет – луд е само оној чија лудост не се вклопува со лудоста на мнозинството…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *