Сутерен.мк

Искушение

Долги години сум во брак.Никогаш не сум го изневерила сопругот, но да бидам искрена, се почесто помислувам на романтична, вонбрачна авантура. Ми недостасува страст, романтика. Всушност, не сакам да си го растурам бракот, но како да одолеам!? Некој совет, Дарлинг?
Сопруга

Сопруга дарлинг, долгорочната моногамија е тешка за секого. Меѓутоа, ако навистина ни е битен партнерот, може да му се оддолее на искушението. За да не влезете во стапицата на неверството постојат некои практични огради.
На пример, не одете на појадок на работа постојано со ист колега. Кога сте на службен пат не спијте сами во собата, имајте цимерка. Не се зближувајте со атрактивни колеги, познаници.

Бегајте што подалеку од стари љубови, не прифаќајте никакви кафе – муабети со нив. Искуствата од вашиот брак споделувајте ги само со луѓето кои имаат слични ставови на вашите, спротивните можат лесно да ве поколебаат. Стиснете заби и останете верни. Прељубниците водат страшно комплициран живот…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *