Сутерен.мк

Љубопитство

Вљубена сум во оженет маж, кој има и деца. Не сме во врска, но јас потајно копнеам по него и само смислувам начини како да сум во негова близина. Не знам што да правам?

Мома

Мома дарлинг, истуширајте се со многу студена вода. Ако е доволно студена, ќе ви поминат бесмислените копнежи…

Многу ме интересира- може ли да се познае кои жени се неверни?

Љубопитен

Љубопитен дарлинг, велат дека жените со пискав глас се поневерни (високо ниво на естроген), а дека мажите кои не седат мадро се оние со длабок глас (зголемен тестостерон). Така велат…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *