Сутерен.мк

Мали упатства за одмор

Доколку вашето дете оди за прв пат на летување без вас, родителите, важно е според експертите, да следите неколку основни правила:
Без разлика на која возраст е детето, неопходно е да имате со него чист телефонски контакт. Важно е за вас, но важно е и за детето. Вашиот глас на родител е голема утеха и поддршка, но и потврда дека детето има соговорник без разлика колку е тој физички далеку. Сепак, тоа не значи да му ѕвоните на секој час.
Дозволете му да ви каже што сака, а не она што го испрашувате. (Што јадело, кога, колку…) Запаметете дека неговите критериуми се различни.
Детето до 18 години не треба да оди никаде на подолг период без присуство на личност во која имате потполна доверба (наставник, педагог, повозрасен роднина, пријател). Што и да кажат вашите деца, законот е јасен.

****


„Обожувај го, почитувај го својот сопруг, ама пред да заминеш некаде без него, гледај целиот имот да биде на твое име.“

„Сакај, чисти, готви и, оди сама на одмор.“

„После цела година муабети за плаќање сметки, набавки храна, обврски околу децата, раскажување на згоди и незгоди од работното место одиш на одмор со надеж за релаксација. Кога таму, излегува се на површина, па зборот развод го споменуваш и по пет пати на ден.“

„Нема ништо погрешно во тоа една жена, сеедно во кои години е, да посака да отиде некаде сама и да избега на одредено време од подвижната лента преоптоварена од обврски, наречена живот.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *