Сутерен.мк

Маск се откажува од Твитер?

Хај-тек милијардерот Илон Маск не го сака веќе Твитер и објави раскинување на договорот за купување, вреден 44 милијарди долари. Како причина за повлекувањето, адвокатите на Маск наведуваат повеќекратни прекршувања на договорот за преземање, потпишан во април, а кој во меѓувреме беше ставен во мирување.

Твитер наводно не обезбедил доволно информации за бројот на ботови и на лажни профили. Набљудувачите стоеја пред загатка – дали Маск навистина планира откажување на зделката или само сака да ја симне куповната цена.

Сегашниот потегот на најбогатиот човек на светот може да го чини скапо – му се заканува плаќање на отштета од околу една милијарда долари. Твитер од своја страна не се откажува од трансакцијата и планира да оди на суд. Акциите на Твитер од април загубија преку една четвртина од својата вредност. И акциите на производителот на електрични автомобили Тесла, основан и воден од Илон Маск бележат загуба од речиси една четвртина од вредноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *