Сутерен.мк

Мајка на петгодишна возраст!

Во медицинската историја за најмлада позната мајка е забележана Лина Медина од Перу, која се породила на своите први пет години од животот!

 

Извештајот за овој случај објавен е во публикацијата за медицина „La Presse Medicale“, во кој се вели дека толку раното зачнување било возможно заради раниот развој на девојчето. Таа првата менструација ја добила на осум месеци, а до својата четврта година веќе имала развиени млечни жлезди, а на пет години и карактеристичното ширење на карличните коски. Па така, освен што се води како најмлада мајка, таа е воедно и најмладата личност кај која е документиран предвремен пубертет.

Инаку, Лина е родена во 1933 година во земјоделско семејство во перуанското село Тикарпо. Кога имала пет години, родителите ја одвеле во болница, загрижени за нејзиниот подуен стомак. Првично се претпоставувало дека таа има тумор, но набрзо лекарите увиделе дека девојчето е во седмиот месец од бременоста и дека бебето е зачнато пред нејзиниот петти роденден.

По два месеца (мај, 1939 – та) родила момче со царски рез, тешко 2,7 килограми, крстен по лекарот кој ја породил, Жерард Лозади.

Лина денес има 87 години, живее во Лима, омажена е и има уште еден син (роден 33 години после првиот), а Жерардо (или Герардо) кој се развивал правилно и имал нормален живот,починал во 1979 година од болест на коскената срж.
Лина никогаш не открила кој е таткото на нејзиното прво дете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *