Сутерен.мк

Зачините и слатките во Византија

Неколку помалку познати факти за Источното царство:        

 

  • Терминот Византиско царство е модерен поим што го смислил германскиот историчар и филолог Хеоним Волф во 16 – ти век. Византијците себе си се нарекувале Ромеи, а своето царство Романија или Василија Ромеон.
  • Византијците биле првите кои го употребиле рузмаринот како додаток на печеното јагнешко. Први употребувале и шафран како зачин. И дотогаш многу ги користеле, но за сосема друга намена.

  • Слатките и десертите биле популарни во Источното римско царство – сутлијашот се сервирал со мед и цимет, а многу го користеле и рогачот и сувото грозје во десертите.
  • Меѓу првите почнале да користат и лимон, портокал и патлиџан и го обожувале лебот – до толку, што пекарите не морале да се јават на било каков државен повик, ако тоа им пречело во печењето на лебот.

  • Од 610 до 641 година, војската и администрацијата се реконструирани, а наместо латинскиот за службен јазик е избран грчкиот.
  • Византиската царица Ирина Атињанка била првата жена која владеела со Византија (797 – 802) и избрала да ја носи титулата цар, а не царица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *