Како дел од стратегијата да се запре насилството во главниот град на Мексико, Мексико сити прави база на податоци за сексуалните злоставувачи и убијци на жени!
Градоначалничката Клаудија Шенбаум и тужителката Ернестина Годој го претставија овој единствен проект во земјата, што треба да стапи на сила во август оваа година, пишува „Ел Паис“.
Ова е трет пат да се иницира база за ДНК, поради недостаток на меѓународни дозволи. Регистарот ќе ги опфати силувачите и убијците на жени, како и осудените за злоставување, киднапирања и сексуален туризам, а јавната каса тој ја чинеше четири милиони долари.
Стапката на неказнување за сексуално насилство е над 95 отсто, а слична е и за другите кривични дела.
Шенбаум изјави дека целта на овој проект е да се прекине праксата на неказнување. Таа ги охрабри жртвите на сексуалното насилство да ги пријавуваат случаите, кои во текот на пандемијата со коронавирусот се зголемија, како и оние од семејното насилство.
„Ако нема пријава, нема ни правда“, рече градоначалничката.