Меконахи зборувал за тоа како бил „уценет да има секс како 15-годишник и бил дрогиран и малтретиран од маж кога имал 18 години“, за што претходно пишувал во неговата книга „Зелени светла“
Славниот актер Метју Меконахи откри во подкастот на Аманда де Каденет „Разговор: за мажите“ дека бил малтретиран како тинејџер.
Иако 52-годишниот актер признава дека не отишол на терапија за да се справи со траумата со која се соочил, изјавил дека во животот имал многу луѓе кои му помогнале да ја преживее.
„Имав многу добри пријатели. Имав добри ментори. Имав постари мажи, постари жени, брачни парови, кои одвоија време да седнат и да разговараат со мене“.
Напоменал дека и во двете ситуации во кои бил малтретиран, бил свесен дека не се работи за здрава врска и дека за тоа разбирање му помогнале претходните разговори со неговиот татко.
„Моите родители ме научија на почит кон жените, почитување на врските, почитување на сексуалната интимност, почитување на просторот“, рече Меконахи. „Татко ми ми рече: „Ако некогаш почувствуваш дека девојката се двоуми, прекини“.
„Беше во право, се навлеков во одредени ситуации и знаев кога да престанам“, додаде тој.
„Никогаш не престанав да верувам во работите што ме научија мајка ми и татко ми. Си реков дека нема да се плашам од врска бидејќи моето прво искуство беше уцена.
Тоа се случи. Дали негирам дека се случило? Не. Не негирам дека тоа се случи. Но, јас премногу го сакам животот и верувам во животот, верувам во луѓето. Довербата сè уште ми е прв приоритет. Нема да поминам низ животот носејќи го тој багаж, дека тој го дефинира начинот на кој се однесувам кон луѓето околу мене“, додаде тој.
Извор…