Сутерен.мк

Тихиот Океан „роди“ остров

На југозападот од Тихиот Океан се појави нов остров, соопшти опсерваторијата на НАСА.

Новото парче земја никна од подземен гребен со најгустата концентрација на подводни вулкани на планетата. Подводната планина се протега меѓу Нов Зеланд и Тонга.

Месецов еден од тие вулкани се разбуди и еруптира, па лавата се разлеа во Океанот, а во воздухот можеше да се види пепелав чад. 11 часа подоцна, среде светликавата топлина на ерупцијата која се стишувала, се создал сосема нов остров, а од НАСА успеале да го фотографираат.

Според првичните мерења, направени на 14 септември, се претпоставувало дека островот е голем околу 4.000 квадратни метри, но до 20 септември малиот остров пораснал до околу 21 000 квадратни метри.

Вулканските активности со кои се создаваат нови острови не се изненадувачки со оглед на позицијата на гребенот во зона каде што три тектонски плочи се спојуваат во бавен судир. Помеѓу тоа трио е огромната тихоокеанска плоча, која е најголемата тектонска плоча на светот.

Поради големината, субдукцијата значи дека плочата постепено тоне под другите две плочи и во процесот се отвора една од најдлабоките бразди на морското дно, позната како Кермадекова бразда.

За жал, островот нема да остане многу долго. Од НАСА предупредуваат дека острови создадени од подводни вулкани обично кратко опстојуваат. Но, има и исклучоци, како островот создаден во близина на вулканот Латеики во 1995 година, кој опстои 25 години, што не е толку долго во геолошка смисла.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *